Фудбал
19. May 2020 - 19:55

Шест играчи позитивни на Ковид-19 во Премиер лигата

Шест луѓе од три клуба од Премиер лигата имале позитивни тестови на корона вирус по изведените 748 тестови на фудбалерите и членовите на тимот, потврдија од лигата.
 
„Фудбалерите или членовите на тимот кои беа позитивни сега ќе одат во изолација од седум дена. Премиер лигата нема да даде детали за клубовите или личностите кои се позитивни поради легални причини“, се вели во известувањето на Премиер лигата.
 
Клубовите од Премиер лигата почнаа со групните тренинзи (по 5 фудбалери), но со почитување на мерките за социјално дистанцирање. Ова е прв чекор кон најавеното враќање на лигата на 12 јуни, иако уште не е донесена конечна одлука.