Шест екипи од странство на ракометниот турнир „Струга 2018“
Одлична програма за овогодинешното издание на ракометниот турнир Струга 2018. Најавен е настап на 6 екипи од странство а во рамките на турнирот ќе се одигра и македонскиот Суперкуп помеѓу Вардар и Металург.
Овој настан кој е закажан по 46-ти пат ќе се одржи на 18. Ти август во Струга на брегот на Охридското езеро. Организатор е РК Струга со помош на АМС.
Првиот човек на струшкиот клуб, Наумче Мојсовски изјави дека целта е да се подигне нивото не само на турнирот туку воопшто и на ракометот во Македонија.
Екипите учеснички на турнирот ќе бидат поделени во две групи. Во првата се Еурофарм, Цеље,Бешикташ и Тулуз додека во втората ќе играат Струга, Железничар, Констанца и Алингсас.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар