Македонија
4. December 2016 - 9:10

Шест дена до крајот на изборната кампања

Коалициите и политичките партии - учесници на претстојните предвремени парламентарни избори денеска продолжуваат со активностите во рамки на кампањата.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Радовиш и Струмица, а СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има централен митинг во Скопје.

Демократската партија на Албанците, според нивната агенда, ќе одржи митинг во скопската општина Чаир, а Коалицијата „Алијанса за Албанците“ најави митинзи во Центар Жупа и во Дебар.

Коалицијата за Промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе има митинзи во Кавадарци и Неготино.