Loading Video...
Кошарка
22. јуни 2020 - 19:44

Шеснаесет поени на Димитријевиќ на дуелот Хувентуд- Уникаха

Од ретките шампионати во кошарка кои продолжија на еворпско тло секако е  шпанскиот во кој настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој имаше забележителен настап во дресот на Хувентуд против силната Уникаха. 
Димитријевиќ одигра на извонредно ниво на мечот на кој неговата екипа во поголемиот дел имаше израмнет резултат но не го издржа притисокот во финишот од средбата и Хувентуд на крајот загуби со 98-89 од поквалитетната Уникаха. 
Македонскиот интернационалец средбата ја заврши со дури 16 поени и беше трет стрелец во својот тим со една реализирана тројка и три асистенции. За жал ова е веќе втор пораз на Хувентуд во продолжението од шпанското првенство во кое во тек финалната рунда. 
Со своите добри игри Димитријевиќ го сврте вниманието на шпанските гиганти и медиумите веќе објавија негов трансфер во редовите на Валенсија.