Македонија
20. August 2021 - 19:18

Шерман до Заев: Вие сте доверлив партнер на САД

Премиерот Зоран Заев попладнево оствари работна средба преку видео конференциска врска со заменик-државната секретарката на Стејт Департментот на САД, Венди Шерман, а на кој беа присутни и останатите сојузници како и претставници на НАТО.

На состанокот, соопшти владината прес-служба, беше разгледана моменталната безбедносна состојба во Авганистан и беа утврдени механизмите за евакуација на миротворното население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан.

Премиерот Заев ги информирал сојузниците дека Македонија ги заврши сите неопходни подготовки и ги подготви протоколите со кои Владата во овој момент е подготвена да прифати околу 650 граѓани, локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

-Заменик-државната секретарката на Стејт Департментот – Шерман отворено ја поздрави заложбата на Македонија како потврден и доверлив партнер на САД во оваа заедничка хуманитарна мисија, стои во соопштението