Шекеринска: Се следи состојбата на јужната граница, подготвени сме и за поголем притисок
Ја следиме состојбата со мигрантите на јужната граница, подготвени сме да се соочиме и со зголемување на притисокот, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Како резултат на лажни вести, посочи, еден дел од бегалците кои биле стационирани во Грција мислеле дека балканската рута е отворена и заради тоа тргнале и кон нашата граница. – Во текот на вчерашниот ден правевме консултации и Министерството за внатрешни работи, пред се, и ние како негова поддршка, сме подготвени да се соочиме и со зголемување на притисокот на границата. Тоа покажува дека е важно да се биде буден и подготвен, изјави Шекеринска одговарајќи на новинарски прашања во текл на присуството на НАТО трката во Скопје.
Како што дополни, состојбата се следи и не случајно таму имаме постојано армиско присуство коешто продолжуваше дури и во деновите кога немавме ниту еден мигрант на границата. Сега, посочи, се гледа дека тоа бил оправдан чекор.
– Собранието неколкупати ја продолжуваше одлуката на границата да имаме и воена односно армиска поддршка дури и во периоди кога изгледаше дека опасноста поминала, меѓутоа и јас и министерот за внатрешни работи велевме дека во поглд на мигранстките кризи мора да се навикнеме на новата реалност, а тоа е дека таа опасност може да се создаде преку ноќ, и дека таа ќе биде најверојатно една од стандардните опасности и за нас, меѓутоа и за сите земји во регионот, рече Шекеринска.
Во однос на барањата од турскиот министер за одбрана Хулуси Акар за преземање акција против припадници на Фето и дали тоа го загрозува нашето членство во НАТО, Шекеринска со одговор дека нема нови барања и нема што повеќе да каже од претходно кажаното од министерот за внатрешни работи.
– Се трудиме со секоја од земјите кои ни биле долго време сојузници и го поддржувале нашето НАТо членство да обебзедиме целосна поддршка на нашиот НАТО процес и да ги подобруваме нашите меѓусебни односи, изјави министерката за одбрана Шекеринска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација