Шекеринска: Покажавме на дело дека никој веќе не е над законот
Како Влада кажавме и го покажавме на дело дека никој веќе не е над законот, дека законите важат за сите и дека секој мора да ги почитува институциите и законите. Клучната работа е да пуштиме институциите да си го завршат своето, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
-Жалам што после тој наш чекор со кој покажавме дека работите во државта се промениле се уште има еден дел кој не се променил, а тоа е опозицијата. Вчерашниот неуспех на преговорите, кој ќе овозможеше многу случаи да стигнат до правна разрешница, мислам дека покажува оти некои луѓе и структури кои организирале криминални структури никогаш нема да се предадат, рече Шекеринска во одговор на прашање на денешната прес-конференција со романскиот министер за одбрана Габриел-Бениамин Леш.
Таа нагласи дека граѓаните како и Владата очекувале и очекуваат нов закон за јавно обвинителство, но додаде дека е очигледно оти првите луѓе на опозицијата се уште очекуваат амнестија и неказнивост.
-Ако граѓаните очекуваат нов закон, очигледно е дека луѓето во опозицијата бараат само стари послушници. Потегот на Владата со кој покажавме дека бараме институциите да ги гонат сите – власт, опозиција, граѓани, било кој, а за тоа не добивме поддршка од опозицијата, дава одговор на прашањето колку правната држава во Македонија мора да направи се, за никогаш да не се вратиме назад, посочи Шекеринска.
За случајот „Рекет“ рече дека е типичен обид за да не го гледаме криминалот и да се занимаваме со тоа што оние кои го прават криминалот сакаат да и го сервираат на јавноста.
-Ова, како што спомна еден амбасадор не е реално шоу. Ова е реален проблем на државата, а реален проблем е кога криминални структури се трудат да викнат држте го крадецот. Тоа не им појде од рака. И покрај сите обиди Обвинителството покажа дека во државава може да функционира правдата, а ние покажавме дека тоа политички ќе го штитиме. Тоа е свтлосни години подалеку од ситуацијата што ја имавме пред само три години кога немаше никави средби, никаква одговорност и никаква акција од Обвинителството. На некои ќе им биде тешко да ја прифатат таа промена, но без неа оваа држава нема да мрдне од мртва точка и од калта во која не донесоа, истакна Шекеринска.
Ново на Сител
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија