Македонија
7. April 2019 - 16:11

Шекеринска: Подготвени сме за евентуален нов бран на бегалци

Државата е подготвена да се справи со нова бегалска криза уверува министерката за одбрана Шеќеринска.

Таа тврди дека институциите се подготвени да одговорат доколку ескалира состојбата со бегалците  на јужната граница.

По новите судири и обид на бегалците да ја премина грчко македонската граница, Шеќеринска вели дека соработуваат и со грчките власти.

И покрај тоа што дел од мигрантите се вратиле назад во камповите откако  разбрале дека е лажна веста за повторно отворање на балканската рута министерката вели  тоа не треба да ја релаксира државата.

По барањето од турскиот министер за одбрана државата да преземе активности за постапување  против  15тина ѓуленисти кои важат за претставници  на организацијата  „ФЕТО “, министерката Шеќеринска вели таа не е задолжена за прашања од областа на екстрадицијата но уверува дека земјата постапува согласно законските регулативи. Шеќеринска не очекува Турција да го оспори патот на Македонија во НАТО и верува дека Турција ќе го ратификува протоколот за членство на земјава.

Армијата својата подготвеност за членство во Алијансата  ја покажа и денеска  пред граѓаните со неколку вежби кои беа дел од настанот по повод 70от роденден на НАТО .

 Досега единаесет земји-членки го ратификуваа Протоколот за членство а се чека на уште 18 за земјава да стане полноправна членка на Алијансата.