Македонија
27. November 2019 - 17:30

Шекеринска: Овој собраниски состав треба да го ратификува протоколот за НАТО

Една недела ја дели Македонија од НАТО самитот во Лондон, а се уште немаме амбасадор и воен претставник во Алијансата. Министерката за одбрана Радмила му ја презентира на претседателот Стево Пендаровски. Во Лондон ќе одиме со в.д. амбасадор.

И додека Македонија ја чека ратификацијата од Шпанија, министерката го претстави буџетот за следната година. Од предвидените 10 милијарди денари, најмогу пари ќе се издвојат за модернизација на армијата и човечки ресурси. Новите униформи кои доцнат,  ќе биле готови следнот фебруари. За реконструкција на објектите на арм  предвидени се 263 милиони денари. А појаснувајќи ги измените во новиот Закон за служба во Армијата истакна министерката рече дека  со него првпат се решава проблемот со станбено обезбедување на припадниците на армијата и со месечниот паушал од 7.000 денари ќе бидат опфатени околу 6.000 лица

Ова собрание треба да го ратификува протоколот за НАТО, а не да чекаме нов собраниски состав, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Ова следи по изјава на претседателот на собранието  Талат Џафери дека не планира да го враќа распуштениот парламент, ако во меѓувреме Шпанија даде зелено светло.

Иако само една недела ја дели Македонија од НАТО самитот во Лондон,  се уште немаме амбасадор и воен претставник во Алијансата. Шекеринска рече листата со кандидатите за потенцијален воен претставник ќе му ја презентира  на претседателот Стево Пендаровски.

И додека Македонија ја чека ратификацијата од Шпанија, министерката го претстави буџетот за следната година. Од предвидените 10 милијарди денари, најмогу пари ќе се издвојат за модернизација на армијата и човечки ресурси. Новите униформи кои доцнат,  ќе биле готови следнот фебруари. За реконструкција на објектите на арм  предвидени се 263 милиони денари.