Македонија
25. јуни 2019 - 16:10

Шекеринска не гледа ништо спорно во двојната функција на Заев, опозицијата вели дека е преседан

Не беше добар министер за екологија па го сменивме. Вицепрмеиерката ја правда одлуката на Премиерот Садула Дураку да биде прекомандуван во новото министерство за политички систем.

За Шеќеринска, одлуката на Заев да го преземе министерството за финансии е порака дека премиерот има намера да се фокусира на економијата.

За опозицијата, двојната функција на Заев е преседан и треба да му овозможи како што велат, дополнително да се збогати на грбот на граѓаните.

Владината реконструкција утре влегува во Собранието. Пратениците ќе гласаат за метла во вкупно 6 ресори. Во 4 од нив, Владата ќе добие нови кадри.