Македонија
26. July 2021 - 8:49

Шекеринска и Галовеј ќе потпишат меморандум за разбирање во областа на одбраната

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска ќе потпишат меморандум за разбирање во областа на одбраната.

-Меморандумот овозможува креирање ќелија за координација на обуката од Обединетото Кралство, стационирана на армискиот полигон „Криволак“, информира Министерството за одбрана.

По потпишувањето на меморандумот, министерката Шекеринска и амбасадорката Галовеј ќе дадат изјави за медиумите.