Шефот на Ферари: Не мислевме дека може да се вози трката со еден пит-стоп
Главниот извршен директор на Ферари, Матија Биното, рече дека згрешиле во процената за бројот на застанување во боксот при настапот на Гран при на Мексико.
Себастијан Фетел го зазеде второто место, Шарл Леклер заврши на четвртата позиција, додека победи пилотот на „мерцедесот“ Луис Хамилтон.
– Верувам дека за време на трката сторивме сè како што треба. Иако сега, по завршувањето на трката, може да изгледа поинаку. Противниците ја одбраа вистинската тактика. За нас беше тешко да се одбраниме, а кога ги бркавме ривалите, гумите почнаа да се прегреваат. Со оглед на раниот пит-стоп, Шарл не можеше да ја вози трката со една промена на гумите. И, генерално, врз основа на вчерашните податоци, не мислевме дека можете да возите со едно застанување во боксот. Сега сфативме дека сме згрешиле, изјави Биното.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите