-->
-->
Шефот на дипломатијата на Луксембург во посета на Скопје
-->
Министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, денеска ќе престојува во посета на земјава на покана на шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Како што соопшти МНР, посетата се реализира во пресрет на дискусиите на мартовскиот Совет за општи работи на ЕУ, при што фокус на разговорите ќе биде ставен на очекувањата и изгледите за донесување на одлуката за отпочнување пристапни преговори со ЕУ.
-Аселборн ќе биде запознаен со испорачаните суштествени и одржливи реформски резултати во клучните области идентификувани во заклучоците од јуни 2018 година на Советот на ЕУ, што беше потврдено и во неодамнешниот вонреден извештај од Европската комисија, во кој е констатирано дека ЕК стои зад својата препорака за почеток на преговорите со Македонија, се наведува во соопштението.
Во рамки на посетата, предвидено е министерот Аселборн да биде примен и од страна на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право