Македонија
25. October 2017 - 8:16

Шефот на дипломатијата на Косово, Пацоли, во посета на Македонија

Интензивирање на севкупната билатерална политичка и економска соработка, со акцент на инфраструктурната и енергетска соработка ќе бидат во фокусот на денешната официјалната посета на шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли на Македонија.

Шефот на косовската дипломатија  за време на престојот во Скопје ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Како што соопшти МНР планирано е тој да биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери како и од премиерот Зоран Заев.

Посетата ќе биде искористена и за размена на мислења околу актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионалните организации.