Македонија
12. February 2016 - 8:31

Шефот на австриската дипломатија Курц во посета на Македонија

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија Себастиjан Курц денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Како што е најавено, за време на посетата министерот Курц ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Разговорите меѓу македонскиот и австрискиот шеф на дипломатијата, соопшти МНР, се очекува да бидат фокусирани на мигрантско-бегалската криза, македонско-австриските односи и регионалната соработка.