Шапуриќ: Откупувачите се подготвуваат за откуп на тутунот
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, придружуван од инспектори во инспекторатот, вчера во Прилеп одржа состанок со претставниците на компаниите регистрирани за откуп на тутун. На состанокот присуствуваше и Гордана Мицевска директор Научниот институт за тутун и Мендо Стомнароски Претседател на Сојузот на земјоделски здруженија, соопшти денеска Државниот инспекторат за земјоделство.
Во пресрет на претстојниот откуп на тутунот на состанокот се разговараше за откупот согласно новиот Закон за тутун. Посебен акцент на состанокот беше ставен на потребата од брзо формирање на Комисија за верификација на мострите од тутунот, бројот на откупните места и контролата на откупот од страна на овластените инспектори. Се разговараше и за потребата од навремено доставување на потребната документација до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Инспекторатот, како и за финансиските и другите условите кои што треба да ги исполнат, пред почетокот на откупот. Од страна на компаниите беше нагласено дека новиот Закон за тутун содржи значителни подобрувања во однос на претходниот закон, но дека во иднина треба да се извршат одредени допрецизирања на законот.
Шапуриќ истакна дека определба на Државниот инспекторат за земјоделство, како и на сите државни институции е да имаат постојана комуникација со бизнис секторот, но и со земјоделските производители, во насока на изнаоѓање на соодветни решнија. Воедно тој истакна дека Инспекторатот за време на откупот на тутунот, максимално ќе биде присутен на терен и дека ќе претстои интезивен инспекциски надзор за време на откупот.
По завршување на состанокот во рамките на престојот во Прилеп, Шапуриќ го посети Тутунскиот комбинат Прилеп, кој покрај производство на цигари, врши и откуп на тутун. Менаџментот на комбинатот го информираше Шапуриќ за резултатите од стратешко партнерство со компанијата „Филип Морис“, како и тоа дека по повеќе од една деценија работење со загуби, годинава се очекува комбинатот да оствари добивка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица