Loading Video...
Тенис
13. October 2018 - 19:04
Шангај: Финале Ѓоковиќ-Чориќ
Новак Ѓоковиќ и Борна Чориќ ќе играат во финалето на Мастерс турнирот во Шангај откако денеска славеа победи во полуфиналето против Александар Зверев и Роже Федерер.
Иако тениските фанови посакуваа големо финале помеѓу Ѓоковиќ и Федерер , дербито го спречи Хрватот Чориќ кој успеа да слави во два сета со 6-4 и 6-4 против Федерер во меч кој траеше еден час и да потврди дека со 21 година е голема надеж не само на хрватскиот туку и светскиот тенис.
Нова доминација на Новак Ѓоковиќ кој со само три загубени гема го збриша германскиот тенисер Александар Зверев. Победата од 6-2 и 6-1 само ја потврди немоќта на талентираниот тенисер со руско потекло на овој меч.
Финалето се игра утре во 10.30 часот по македонско време.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->