Фудбал
26. February 2017 - 16:17

Шампионска победа на Вардар во дербито со Шкендија

Фудбалерите на Вардар го решија дербито со Шкендија со 3-1 и направија голем чекор кон одбраната на титулата во домашното првенство. 

Црвено-црните беа подобар противник и победата на најавија со погодокот на Баргесјан во 29. минута. 
Ибраими успеа да израмни на 1-1 но во финишот од првиот дел  Фелипе од пенал носи ново водство за Вардар. 
Бразилецот со еврогол во второто полувреме ги реши сите дилеми на овој меч по кој Вардар има 7 бодови предност на прволигашката табела и го отвори патот кон одбраната на титулата во првенството на Македонија.