Loading Video...
Фудбал
25. September 2021 - 16:05

Шампионот Атлетико Мадрид поразен на гостувањето кај Алавез

Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид е поразен на гостувањето кај Алавез во воведниот натпревар од седмата рунда во Ла Лига. 
 
Неочекувано,првиот пораз на популарните „јорганџии“ им го нанесе претпоследно рангираната екипа на Алавез која до победата стигна со голот на Виктор Лагуардија постигнат уште во петата минута од средбата, што пак  подоцна се покажа и како клучен момент на мечот кој заврши со 1:0. 
 
За Алавез ова беше првата победа сезонава и тоа откако во првите пет кола овој тим претрпе исто толку порази.