Фудбал
21. September 2019 - 11:33

Шалке на врвот во Бундес-лигата

Шалке се искачи на првото место на табелата во Бундеслигата, израмнети со 10 поени со РБ Лајпциг (барем до утре), откако Амине Харит постигна прекрасен гол за да извлече 2:1 победа над Мајнц.

Суат Сердар го донесе домашниот тим во водство во 36. минута, меѓутоа Мајнц успеа да израмни во 74. минута преку Карим Онисиво, пред супер-голот на Мароканецот Харит да донесе три поени за Шалке. Харит минатата недела постигна хет-трик против Падерборн, а Шалке во пет кола има 3 победи, едно реми и пораз од Баерн Минхен.