Шаќири: Учебници ќе има од 1 септември
Први септември ќе не најде поподготвени. Дефинитивно учебници ќе има затоа што ги немаме предизвиците од претходната учебна година, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири по доделувањето грантови во рамки на проектот на ОБСЕ „Градиме нови мостови“.
-Сите учебници кои се одобрени од Националната комисија, според постапката, министерот само дава одобрение за печатење на тие учебници, без разлика во кој период се одобрени. Што се однесува за учебниците со грешки, вие знаете дека веднаш за учебникот по историја и општество, сите училишта добија насоки за проблематичните места во учебникот, но после тоа Комисијата која ја сочинуваат повеќе од седум члена, одлучи истиот учебник да се повлече и се отвори повик за група автори за истиот учебник. Што се однесува за технички грешки во учебниците, ќе се обидеме да најдеме начин со авторите да има што помалку технички грешки во нив. Први септември ќе не најде поподготвени зошто ги немаме предизвиците од претходната учебна година. Дефинитивно учебници ќе има, рече Шаќири прашан што е со учебниците со грешки, дали е формирана Комисијата, кој е ставот на Комисијата и што е со целосната испорака на учебниците.
Тој појасни до каде се постапките со одобрувањето односно печатењето на некои учебници.
-Што се однесува за некои учебници како што е за учебникот по македонски јазик, за истиот учебник имаше повеќе од 4-5 повици од страна на Педагошката служба. Имаа ситуација каде во одредена фаза на учебникот авторите не постапуваа по забелешките што ги добиваат и потоа Националниот совет за учебници одлучува да не одобрува ниту еден од учебниците или да почне нова постапка. Затоа сега повеќето од ракописите за учебниците од 3-то одделение веќе се доставени. За 6-то одделение се во фаза на рецензенти. Сега во месец јуни завршува постапката за екеономски оператор, во месец јули, без оглед каква ќе биде жалбената постапка, ќе се почне да се реализира печатење на сите учебници кои веќе се одобрени. Важно е дека од 1 септември учебници ќе има, порача министерот Шаќири.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
