Шаќири: Се разгледуваат сите начини за учебната година да заврши на 10 јуни
Министерството за образование и наука ги разгледува сите начини и препораки за завршување на учебната година до 10 јуни. Директорот на Бирото за развој на образование треба да има состаноци со сите директори на училиштата и да се види до каде е реализиацијата на програмата, изјави министерот Јетон Шаќири.
– Со препораките од сите директори ќе се разгледа можноста како да се реализира делот од програмата кој останува. За другите години, освен тие што завршуваат деветто одделение, ќе најдеме начин како да се надополни делот од програмата и со почетокот на следната учебна година. Ќе се разгледаат сите комбинации и ако заврши до 10 јуни тоа ќе биде со препораки од Бирото. Се гледаат сите начини за до 10 јуни да заврши учебната година, но се уште немаме официјален одговор од Бирото, истакна Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на меѓународната научна коференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ што се одржува во Охрид.
Во однос на преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), тој повтори дека се доближуваат во ставовите за кои двете страни повторно ќе разговараат утре на нова средба со помирувач.
– Од нашата страна и од страната на СОНК заеднички е ставот дека се доближуваме со мислењата и утре заедно со помирувачот, ќе ги видиме сите препораки што ќе ги има помирувачот, рече Шаќири и додаде дека МОН ќе најде начин за покачување на платите на вработените во образованието.
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на новинарско прашање дали наставниците и воспитувачите треба да ги добијат цела плата за деновите од штрајкот, одговори дека Општина Охрид ќе подели цели плати и се надева, рече, дека и МОН го има истиот став.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово