Македонија
9. October 2021 - 14:41

Шахпаска: Состојбата во детските градинки е стабилна

Состојбата во детските градинки е стабилна, тоа беа првите јавни установи кои беа отворени минатата година на 9 септември и покажавме дека тоа е сигурно и безбедно место за згрижување на децата од преучилишна возраст. Како последни бројки што ги имам од вчера е дека има само девет позитивнивни вработени и шест деца што значи состојбата е стабилна, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека нема да се прави скриниг со брзи тестови за Ковид-19 во детските градинки.

Посочи дека значајно е дека 76 проценти од сите вработени во градинките се вакцинирани, воспитувачите и негователите се вакцинирани во многу повисок процент некаде до 78, 80 проценти, како и останатиот помошно технички персонал.

– Тоа се веќе европски стандарди во степенот на вакцинација и тоа говори за опшествената одговорност и грижата за личното и колективното здравје на вработените во градинките. Кај нас присуството на децата во градинките е регуларно, се почитуваат протоколите и оддавам признание на сите кои се вклучени во овој процес, рече Шахпаска, која учествуваше на традиционалната текстилијада што секоја година во октомври се одржува во Штип.