Бизнис
18. February 2020 - 16:31

Шахпаска: Секојдневните потреби на граѓаните беа во фокусот на СДСМ во изминатиот период

Платите пораснаа, стандардот на граѓаните се подобри, казните се намалија,  а условите за водење на бизнис се олеснети. СДСМ со образложение што направи партијата за две ипол години колку што е на власт. Оттаму посочија дека минималната плата  прво се зголеми на 12 па на 14. 500 денари. Со законски измени  се намалија трошоците за извршување, а со субвенциите на придонеси над 100 илјади  вработени добија повисоки примања.

Укината е радиодифузната такса, се реалзираше  мерката поврат на 15 отсто  од платениот ДДВ кај граѓаните, а се врати и евтината струја, велат од партијата.

Од СДСМ  посочија дека платите во здравството драстично се  покачија но зголемување има и во останатите сектори во општеството.