Шахпаска: Обезбедуваме нов и ефикасен пристап во справувањето со родовото насилство
Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство денеска ја одржа првата конститутивна седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Формирањето на ова тело произлегува од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Негова основна задача е да го координира работењето на институциите во делот на превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, како и да ја подготвува и следи реализацијата на националните политики од оваа област.
-Мултисекторскиот пристап на институциите и продуктивната соработка со граѓанскиот сектор е од клучно значење за препознавањето, превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство, како и реинтеграцијата на жртвите на насилство. Воспоставувањето на ова тело, претставува нов и ефикасен пристап кон навремено препознавање и справување со родово – базираното насилство во нашата држава, оцени министерката Шахпаска.
Националното координативно тело, меѓу другото, има задача да предлага мерки за унапредување на превенцијата и заштитата од насилството врз жените и семејното насилство, но и да го следи спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство и националните политики од областа на родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулска Конвенција.
-Насилството не препознава пол, вера, нација, образование, професија, политичка партија, како од страна на жртвата, така и од страна на насилникот. Затоа, за нас како општество, од огромно значење е носењето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој произлегува од Истанбулската конвенција, која е ратификувана и во Северна Македонија, истакна министерката Шахпаска.
Во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, со кое претседава министерката Шахпаска, членуваат претставници од ресорите за труд и социјална политика, правда, внатрешни работи, здравство и образование и наука, но и претставници од граѓанскиот сектор, Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати.
Министерката Шахпаска најави дека Националното координативно тело во наредниот период ќе ги разгледа и подзаконските акти на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство на кои во моментов работи Министерството за труд и социјална политика со поддршка на меѓународни партнери.
-За Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија приоритет е да имаме брза и ефикасна постапка за заштита на жртвите, нивна реинтеграција во системот како и да обезбедиме превенција во насока на намалување на насилството. Ова Национално координативно тело ќе има значајна улога во зајакнување на институционалниот одговор, но и во поефикасната меѓуресорска координација, рече министерката Шахпаска.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање