Шахпаска му помогна на полицаец кој колабира при откривање на спомен обележје во Берово
Припадник на Министерството за внатрешни работи колабираше за време на откривањето на спомен обележјето на четворицата беровски бранители кои учествуваа во воениот конфликт во 2001 година. За време на говорот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, еден од припадниците на полицијата падна на плочникот при што итно интервенираше министерката Јагода Шахпаска која беше дел од настанот.
Шахпаска која по професија е лекар заедно со уште неколку други лица од беровската Итна помош го освестија младиот полицаец кој најверојатно колабирал поради топлото време.
-Дечкото колабираше но брзо реагиравме, му беше пружена онаа основна помош во вакви ситуации, сето тоа траеше кратка и за среќа полицаецот кратко по колабирањето беше во добра состојба, истакна кратко за случката министерката Шахпаска.
Министерката за труд и социјална политика во рамки на присуствот на денешниот настан положи цвеќе пред споменикот на четворицата бранители со што им оддаде почит за нивното дело.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар