Шахпаска: 20% поголеми плати, благодарност и награда за здравствените работници од првите борбени редови
Македонското здравство покажа дека има капацитет навремено и ефикасно да се справи со закани како што е пандемијата со коронавирусот.
Со соодветен системски пристап и добра организација македонското здравство може да функционира на ниво на кое функционираат здравствените системи во далеку побогати земји.
Вложувањата кои Владата предводена од СДСМ ги направи во здравството овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминатите децении.
Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови. Продолжуваме да вложуваме во одржлив здравствен систем.
Преку одговорни и стратешки политики ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и создадовме услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.
Сите ние сме благодарни за сиот труд и пожртвуваност што нашите здравствени работници го вложија изминатиов период и од тие причини вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.
Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот – доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите Јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата.
Никој нема да биде изоставен, сите се земени предвид.
Владата предводена од СДСМ го цени човечкиот капитал во здравството и затоа и пред оваа криза инвестиравме во него.
За период од две години издадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените институции и дадени се повеќе од 1000 согласности за специјализации и супспецијализации.
Во периодот од септември 2018 до февруари 2020 години за четири пати е зголемена платата во здравството. Основната плата за лекар специјалист е зголемена за 40 проценти, на медицинските сестри за 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, а на останатите здравствени соработници за 15 проценти.
Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства, за 15 проценти е зголемен капитациониот бод на натичните лекари, гинеколозите и стоматолозите.
Покажавме дека имаме системски пристап и добар план. Направивме многу, но имаме уште многу да направиме. Продолжуваме да работиме посветено на подобрувања во секоја област: инфраструктура, опрема, терапија, персонал. Затоа што само така, со сеопфатен пристап кон сите сегменти во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем за сите.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.