Loading Video...
Фудбал
14. March 2018 - 13:22

Севиља и Рома во четвртфиналето на ЛШ

Севиља и Рома се пласираа во четвртфиналето на ЛШ, фаза за кој последните две места ќе бидат пополнети денеска. 
 
Шпанската Севиља го елиминира Манчестер Јунајтед во осминафиналето. Откако првиот меч во Шпанија заврши без голови (0-0) Севиља синоќа на гостувањето на „Олд Трафорд“ забележа победа со 2-1. 
 
Најзаслужен за пласманот на андалузиската екипа меѓу осумте најдобри беше Бен Једер кој ги постигна двата гола, откако во 72-минута влезе во игра за само две минути подоцна да го постигне првиот (74), а четири потоа (78) и вториот погодок. Лукаку во 84-тата минута само го ублажи поразот.
 
Босанецот, Един Џеко со голот во 52-минута и донесе победа на Рома во дуелот со украинскиот Шахтјор од кого во првиот меч загуби со 1-2, но благодарение на погодокот на гостински терен италијанскиот тим се пласира во четвртфиналето. 
 
Таму пак веќе се пласираа и: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул и Јувентус, а своето место денеска треба да го потврди и Баерн кој на гостувањето кај Бешикташ стартуваше со предност од 5-0 остварена на првиот меч во Минхен. 
 
Последниот патник ќе го даде поуспешниот тим од вечерашната пресметка на „Камп Ноу“ каде Барселона го пречекува Челзи во реваншот кој ќе започне со активен резултат за Каталонците кои во Лондон одиграа 1-1.