Фудбал
23. October 2016 - 23:23

Севиља го порази Атлетико, Реал се врати на врвот во Примера

Во дуелот од 9-то коло на првата шпанска фудбалска лига Реал Мадрид пред својата публика славеше со 2-1 на Атлетик Билбао и го презема врвот на табелата.
 
Реал до победата дојде дури во завршницата на мечот, иако поведе уште во 7 минута преку Карим Бензема. Но Баските изедначија во 28 минута преку Мерин, а „кралевите“ успеаја да го постигнат победничкиот гол во 83 минута од гужва преку Алваро Мората.
 
Претходно Атлетико Мадрид го доживеа првиот пораз оваа сезона во Примера, откако на гостувањето кај Севиља беше поразен со 0-1. Победничкиот гол за домаќините го постигна Стивен Нзонзи во 73 минута. Ова беше трета победа во низа за Севиља, со што се проби на втората позиција.
 
На табелата води Реал со 20 бодови, Севиља има 20, Барселона – 19 колку и Виљареал и Атлетикот Мадрид со 18 поени.