Македонија
5. July 2019 - 11:05

Северна Македонија и Бугарија ќе црпат искуства од Полска и Британија за претседавањето со Берлинскиот процес

Бугарија и Северна Македонија ќе испратат заеднички тимови во Полска и во Велика Британија, за да разменат искуства во организирање на заедничкото претседателство на Берлинскиот процес што Софија и Скопје преземат во текот на 2020 година.

Ова е договорено на работната срдба во Познан на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров и британскиот државен министер за Европа, сер Алан Данкан.

На средбата на која присуствуваше и амбасадорот Виеслав Таркан, координатор на Берлинскиот процес  на актуелниот претседавач Полска, беа разгледани прашања од идната агенда на заедничкото претседателство, како и иницијативи за активното вклучување на граѓанското општество, а особено на младите луѓе во приоритетите на претседателството, пренесе БГНЕС.

Димитров, Захариева и Данкан учествуваат на министерскиот форум што се одржува во Познан како дел од Самитот на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.