Свет
7. March 2017 - 9:25

Северна Кореја: Тоа беше вежба за напад врз база на САД во Јапонија

Севернокорејски медиуми јавија дека најновото лансирање на четири балистички ракети било тренажна вежба за напад врз американска воена база во Јапонија.

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето извршено од воена единица задолжена да изврши напад врз таква база, и лично дал наредба за лансирање.

– Си ги насладуваше очите со трагите од балистичките ракети, јави севернокорејската агенција КЦНА.  Тие наведуваат дека Ким изјавил оти „четирите ракети испукани симултано изгледале толку прецизно речиси како акробатски летечки корпус во формација“.

Севернокорејската агенција објави дека воените единици што учествувале во лансирањето се „задолжени за напад врз бази на американскиот империјалистички агресор во Јапонија во случај на потреба“.

Северна Кореја вчера испука четири балистички ракети од кои три паднаа во Јапонското Море, на околу 300 км од северозападниот брег на Јапонија.