Свет
25. March 2016 - 11:07

Северна Кореја симулира напад врз власта на Јужна Кореја

Северна Кореја соопшти дека одржала воена вежба со огнено оружје, симулирајќи напад врз официјалната резиденција на јужнокорејскиот претседател. 

Вежбата, ја надгледувал севернокорејскиот лидер Ки Џонг-ун, кој ја повикал војската да биде подготвена „немилосрдно“ да ја уништи Владата на Јужна Кореја, јави Би-Би-Си.

Претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-хе и нареди на војската да биде во состојба на готовност, додавајќи дека „дрските провокации само водат со самоуништување на севернокорејскиот режим“.