Loading Video...
Свет
24. May 2018 - 16:32

Северна Кореја објави дека го уништила полигонот за нуклеарни тестирања

Северна Кореја  соопшти дека  го уништила  полигонот за нуклеарни тестирања Пунге Ри.  Од Пунге Ри беа извршени сите шест атомски проби.  Пред да бидат кренати во воздух 4  те нуклеарни тунели,  20 странски новинари имале можнсот да го видат експлозивот поставан  во тунелите.

-Ние поминавме околу 10 часа на теренот на местото на нуклеарното тестирање. Тие не однесоа до три од четирите тунели на локацијата, ни овозможија да ги отвориме тунелските врати, да погледнеме внатре, всушност не можевме да влеземе во тунелите. "Колку што окото можеше да види, тие беа лажирани со експлозив" сведочи новинар на CNN кој беше меѓу поканетите новинари.

Во нивните извештаи новинарите  забележаа дека  уништувањето не го надлегувал ниту еден странски експерт  или инспектор  кој би можел да  процени  дали експлозиите биле доволно длабоки за да ги уништат тунелите.  Затворањето на полигонот  е добра основа за состанокот со мојот американски колега на 12 јуни во Сингапур  порача  лидерот на Северна Кореја Ким џон Ун.