Северна Кореја емитуваше пародично видео за ракетен напад врз САД
Северна Кореја по повод роденденот на основачот на државата Ким Ил-сунг објави пародична видео снимка, на која е прикажано како ракети ги срамнуваат со земја САД.
Во видео снимката има и кадри од последното тестирање на ракети во февруари, а потоа на тоа и се придружуваат и други ракети кои го прелетуваат Тихи Океан и ги погодиваат САД. На крај од видеото американското знаме е во пламен, а зад него се гледаат низа крстови на гробиштата.
На државната телевизија беа прикажани и кадри од учесниците во воената парада како аплаудираат и викаат „Ура“, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се смее и отпоздравува.
Севернокорејската државна телевизија емитуваше кадри и од големата воена парада во неделата по повод 105-та годишнина од раѓањето на Ким Ил-Сунг, на која присуствуваше и актуелниот лидер.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители