Свет
4. December 2017 - 14:51

Северна Кореја: Америка моли за нуклеарна војна!

Северна Кореја по новите воени вежби на САД и Јужна Кореја изјави дека „САД го буткаат регионот во нуклеарна војна“

Напнатоста на корејскит остров се зголеми во текот на викендов, кога САД испратика бомбардери за да и се придружат воената вежба со Јужна КОреја.

Северна Кореја во неделата објави соопштение преку кое новата вежба ја нарече „озбилна провокација која го бутка регионот на работ од нуклерана војна“.

СНН во понеделникот објави ново соопштение од севернокорејското министерство за надворешни работи: „Претседателот Трамп и неговата администрација молат за нуклерана војна во екстремно опасна нуклеарна игра“.

Во соопштението исто така стои дека ако дојде до пресметка, „САД ќе сноси голема одговорност поради својата опсесија за нуклеарна војна“.