Македонија
21. September 2019 - 16:07

Сеуште нема преговори на работните групи за законот за Јавно обвинителство

На старите позиции власта и опозицијата ја чекаат новата рунда преговори за законот за јавното обвинителство. По повеќе од половина разговори, ниту една од клучните спорни точки не е договорена. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се уште не можат да се усогласат околу изгледот и кадровскиот состав на новото обвинтиелство за организиран криминал како и надлежностите кои би ги имале новите обвинители. Во очекување на новата средба на преговарачките тимови, и во двата табори денеска репризираат повеќе пати слушнати ставови.

Од власта најавуваат дека нова средба на преговарачките тимови се очекува викендов. Од опозицијата пак велат дека ја чекаат министерката Десковска да определи време и место кое и одговара.
Новата рудна разговори следува откако лидерите Мицкоски и Заев не успеаа да постигнат никаков напредок на лидерската средба пред десетина дена.