Македонија
17. July 2020 - 16:44

Сеуште нема план за враќање на рестриктивните мерки и покрај високиот број заразени

Иако речиси секој ден има трицифрени бројки на новозаразени со коронавирус, здравствените власти во овој постизборен период не планираат воведување на рестриктивни мерки. Ниту во Комисијата за заразни болести засега не размислуваат повторно да препорачаат полициски час или викенд карантини. Во случај ако дојде до драстично зголемување на бројот на нови случаи со Ковид-19 од Комисијата велат, доколку дадат препораки за повторни рестрикции актуелната Влада се до формирањето на новиот парламентарен состав ќе може да носи одлуки за заштита на населението од коронавирусот.

Во меѓувреме во Македонија бројот на смртни случаи надмина 400-тини. Со вчерашните 8 починати за едно деноноќие земјава повторно беше на врвот на црната листа во регионот според бројот на жители. Во Србија со 8.5 милиони имаше 13 смртни случаи, БиХ 5, а во Бугарија починаа 4 лица.

Инаку по неколку дневна пауза, според информации на Сител од понеделник Комисијата за заразни болести ќе продолжи со интензивни состаноци за подготовка на здравствениот систем за евентуалниот есенски бран на вирусот, како и носење на протоколи за прославата на Илинден.