Фудбал
5. јуни 2020 - 11:31

Сетиен инсистира на привлекување на Пјаниќ

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен им соопштил на шефовите дека главниот приоритет за него е привлекувањето на Миралем Пјаниќ од Јувентус.

Се верува дека Бошњакот ќе замине во текот на летото, а тој избрал да се пресели на „Камп Ноу“.

Сепак, за него се заинтересирани и Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, а тоа сериозно го загрижува Сетиен, тврди „Гол“.

Поради оваа причина, тренерот ги повика шефовите да направат се што е можно за да го доведат Пјаниќ во каталонската престолнина.

Двата клуба веќе се во преговори за ова прашање и се очекува да направат размена на играчи.
Нелсон Семедо и Жуниор Фирпо може да бидат дел од зделката за халфот.