Свет
8. јуни 2018 - 9:29

Сестрата на холандската кралица пронајдена мртва: 33-годишната Инес се обеси во својот стан во Буенес Аирес

Најмладата сестра на холандската кралица Максима, Инес Зорегиете е пронајдена мртва во нејзиниот стан во аргентискиот главен град Буенос Аирес.

Како што информира претставник на аргентинското Јавно обвинителство, кој побарал анономност, причините за смртта на 33-годишната Зорегиете засега не се познати.

Пронајдена е обесена во станот, а се верува дека боледувала од депресија.

Зорегиете, по професија психолог, беше вработена во Канцеларијата за социјална политика при Претседателската палата во Буенос Аирес.