Сериозни инциденти во Солун
До доцна синоќа траеја инцидентите во центарот на Солун по протестот против Договорот од Преспа. Според локалните медиуми, над 20 лица се приведени, најмалку две се повредени, неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите, а предизвикана е и материјална штета на продавници и објекти во центарот на градот.
Маскирани лица палеа канти за отпадоци и фрлаа молотови коктели, камења, дрва по полицајците, кои одговорија со солзавец и шок бомби.
Според грчките медиуми, инцидентите ги предизвикале група радикални десничари кои се вмешале со они кои протестираа против Договорот од Преспа.
Судирот меѓу демонстрантите и полицијата започна кусо пред 20 часот по локално време, а со прекини траеше до доцна во ноќта.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките новинари коментираа дека демонстрантите не биле воопшто пријателски кон новинарските екипи, а на неколку пати се обиделе да нападнат претставници на медиумите.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, непознато лице, учесник во протестите, на еден фоторепортер му се заканил со оружје. Сведок на инцидентот бил фоторепортерот на АНА-МПА, а според неговата изјава, додека траеле инцидентите еден демонстрант се обидел да ја грабне камерата на една снимателка.
- Фоторепортерите што беа на самото место, забележаа што се случува и интервенираа, по што следеше вербален инцидент. Тогаш, реагираше втор демонстрант кој од малата чанта врзана околу него, извади оружје и им се закани, без оружјето да го насочи кон нив. Случајот предизвика силни реакции кај фоторепортерите, а инцидентот заврши и непознатото лице си замина, објави грчката државна агенција, додавајќи дека нивниот фотограф, за случајот ги известил полициските сили што се наоѓале на местото, но непознатото лице се загубило меѓу толпата.
Додека траеја инцидентите во центарот на Солун, во непосредна близина на објектот, каде што се одржува Меѓународниот саем, грчкиот премиер Алексис Ципрас одржа говор во рамки на свеченото отворање на саемот
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација