Фудбал
18. April 2016 - 9:35

Серија А: Милан ја совлада Сампдорија

Екипата на Милан оствари победа на гостински терен откако синоќа ја победи Сампдорија со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Карлос Бака во 71.минута. Милан со овој триумф ја прекина серијата од пет натпревари без победа, а воедно победи на дебито на новиот тренер Кристијано Броки.
 
Резултати на натпреварите од 33.коло: Сампдорија – Милан 0:1, Лацио – Емполи 2:0, Фиорентина – Сасуоло 3:1, Јувентус – Палермо 4:0, Удинезе – Киево 0:0, Верона – Фросиноне 1:2, Аталанта – Рома 3:3, Интер – Наполи 2:0, Карпи – Џенова 4:1 и Болоња – Торино 0:1.
 
Табела: Јувентус 79 бодови, Наполи 70, Рома 65, Интер 61, Фиорентина 59, Милан 52,...