-->
-->
Серија А: Бод за Сампдорија на „Олимпико“
-->
Екипата на Сампдорија синоќа успеа да остане непоразена на гостувањето кај Лацио и да освои еден бод откако во судиското продолжение на вториот дел (90+3 минута) Ервин Зукановиќ го изедначи резултатот на 1:1. Лацио поведе во 78.минута со голот на Алесандро Матри. Со нерешниот резултат Сампдорија ја прекина серијата од четири порази, но сепак остана на 16.место на табелата со 17 бодови. Лацио се наоѓа на 12.место со 20 бодови.
Резултати на другите дуели од 16.коло: Јувентус – Фиорентина 3:1, Наполи – Рома 0:0, Милан – Верона 1:1, Киево – Аталанта 1:0, Емполи – Карпи 3:0, Удинезе – Интер 0:4, Палермо – Фросиноне 4:1, Џенова – Болоња 0:1.
Натпреварот Сасуоло – Торино е одложен.
Табела: Интер 36 бодови, Фиорентина 32, Наполи 32, Јувентус 30, Рома 29, Сасуоло 26, Милан 25,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација