Балкан
10. August 2015 - 10:46

Сепаратистичка затегнатост и неопходност од промени во Босна и Херцеговина

Вима - Атина

Изгледа дека уште еднаш Босна и Херцеговина, една држава со две административни единици и тројца претседатели, по еден од секоја етичка заедница, е повикана да реши една политичка криза која не е исклучено да го стави под сомнение нејзиното постоење.

Неодамна Милорад Додиг претседателот на Република Српска - едната од двете административни единици во Босна и Херцеговина, објави спроведување на референдум во септември на кое на гласање ќе биде ставено прашањето дали да биде призната јурисдикцијата на Врховниот суд на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска.

Факт е дека Додиг е застапник на една политика чија крајна цел е отцепување на Република Српска од државата до 2018 година, а доплнително масло на огнот додаваат и хрватските националисти кои се посилно искажуваат незадоволство од тоа што се принудени да ја делат територијата на муслиманско-хрватската федерација – втората административна единица во државата, со босанските муслимани кои се најголемата од трите етнички групи во Босна.

Во желбата да ја претвори Република Српска во најголема административна единица во Босна и Херцеговина, Додиг се приклонува во поддршка на идејата за создавање на една трета хрватска административна единица.

Доказ за затегнатоста која царува во регионот е неодамнешниот напад врз премиерот на Србија, Александар Вучиќ, за време на неговата посета во Сребреница, каде тој отиде да присуствува на одбележувањата по повод 20-та годишнина од убивањето на илјајдници босански муслимани од српските сили.

Иако за еден надворешен набљудувач оваа балканска држава да изгледа на прагот на распад, нештата во Босна и Херцеговина никогаш не се такви какви што изгледаат на прв поглед, смета Би-Би-Си.

Сепаратистичките намери на Додик не се нешто ново. Можноста за спроведување на референдум во Република Српска првпат беше објавена во 2011 година тоест пред Додиг да отстапи пред меѓународниот притисок а сега дури и премиерот на Србија Вучиќ побара од него да размисли да барањето за нов референдум.

Според политички аналитичар од Сараево целта на претседателот на Република Српска е да ја провоцира власта и влијанието кое меѓународната заедница ја има во Босна и Херцеговина. „Додиг сака да го испита системот за да види каква ќе биде реакцијата“, рече истиот аналитичар за Би-Би-Си.

Истовремено во земјата владее една значаен несупех меѓу реториката на политичките раководители и чувствата на обичните босански граѓани кои се чувствуваат изолирани во една тешко функционална држава. Иако во 2014 година на демонстрациите кои се случија во целата земја беше искажан гневот и незадовослтвото на граѓаните на изборите повторно се појавија истите лица а причините за тоа што се случи тогаш, има многу.

Принципиелното протестно движење не успеа за извади способни лидери, а паралелно со тоа никоја од политичките партии во земјата не се обиде на убедителен начин да се сврти кон гласачите од сите етнички групи во Босна и Херцеговина, за да ги мобилизира.

Но корените на проблемот се кријат во мировниот договор кој беше потпишан во Дејтон, САД, пред две децении, и со кој беше ставен крај на војната во Босна, предизвикана од поделбата и беше поставена основите за формирање на клиентелистички шеми кои продолжуваат да ја потресуваат државата. Некои аналитичари сметаат дека она од кое има отреба Босна и Херцеговина, за да може да се промени, е меѓународни институции да ја преземат одговорноста.

По долги години во кои некои меѓународни фактори заземале една полабава позиција во однос на политичката класа во Босна и Херцеговина и сега тие постепено почнуваат функционираат. Така на пример, еден германско-англиски план кој има за цел промени во земјата, прерасна во иницијатива на ЕУ, а Брисел повторно го задвижи договорот за стабилизација и асоцијација давајќи можност за финансиско потмогање на земјата во замена за суштествени реформи.

Најочигледен е фактот дека наскоро назначениот претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина, Ларс Гунар Вигеарк, смета дека дошол часот да биде ревидиран Дејтонскиот договор. „Тој не беше совршен, треба да го преразгледаме и да не го актуелизираме, па така Босна ќе може сама да застане на свои нозе“, објасни тој.

Сигурно е дека чекорот за евентуално ревидирање на тој договор нема да е лесен, ако се има во предвид дека Младен Иваниќ, српскиот политичар кој учествува во тричленото претседателство во државата, рече дека Дејтонскиот договор обезбедува мир во регионот веќе две децении.

Но договорот всушност не обезбедува благосостојба, проценува Би-Би-Си и се истакнува дека не се исклучени затегнатоста која денес царува во земјата да даде можност да се види што е потребно да се стори, за да можат босанците да го остават тешкото минато зад себе и да ги насочат погледите кон една подобра иднина.