Свет
4. September 2019 - 22:59

Сепак ништо од изборите: Пратениците го одбија предлогот на Џонсон избори на 15 октомври

Борис Џонсон претрпе пораз зад пораз во британскиот парламент зошто пратениците го отфрлија секој негов предлог, па и се изјаснија дека не се за парламентарни избори на 15. октомври.

За предвремени избори гласаа 298 пратеници, а против беа 56, но потребно е двотретинско мнозинство за да се донесе одлуката.

Да потсетиме, Џонсон им предложи на пратениците вонредни избори да се одржат на 15 октомври, и порача дека ако тој остане на сегашната функција ќе го спроведе Брегзит на 31 октомври.

Џонсон рече дека Британија мора да одлучи дали лидерот на опозицијата или тој ќе преговараат со Брисел за Брегзит.

Џонсон оцени дека владата не може да функционира доколу парламентот одбива да го усвои она што тој го предлага.