Свет
20. October 2017 - 9:09

Сенатот на САД го прифати предлог буџетот од четири трилиони долари

Сенатот на САД го усвои предлог буџетот за 2018 година од четири трилиони долари, кој претставува важен чекор за амбициозните ветувања на претседателот Доналд Трамп за даночни кратења.

Предлог буџетот беше прифатен со 51 од 49 гласа во Сенатот, каде што републиканците имаат мнозинство. Се планира да се додадат 1,5 трилиони долари за државниот дефицит во текот на следната деценија, за да се обезбедат пари за предложените даночни кратења. 

Прифаќањето на предлог буџетот е  подготовка за теренот за сериозно реформирање на американскиот даночен закон.

Се очекува да се постигне компатибилност помеѓу законот што го донесе Сенатот и прилично различната предлог верзија одобрена од Претставничкиот дом, каде што, исто така, републиканците имаат мнозинство, пред Трамп да го потпише.