Балкан
16. January 2018 - 14:55

Семејството одлучи: Ивановиќ ќе биде погребан во Белград

Оливер Ивановиќ ќе биде најверојатно погребан во Белград, на барање на членови на неговото семејство, јави Танјуг повикувајќи се на извори блиски до семејството.

Телото на Ивановиќ ќе и биде предадено на семејството по обдукцијата што денеска ќе се изврши во Клиничката болница во Косовска Митровица.

Танјуг јави дека обдукцијата ќе биде извршена попладнево и таму ќе бидат претставници на Еулекс и на Институтот за судска медицина од Приштина.