Македонија
12. October 2019 - 18:45

Семејство од Скопје во паника - исчезна нивната 16-годишна ќерка

Семејство моли за помош, исчезна нивната малолетна ќерка. Како што информираат од полицијата, вчера  во СВР Скопје, Б.Т.(42) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерќа Т.Т.(16), која и претходно во повеќе наврати го напуштала нејзиниот дом и се сомнева дека е заедно со нејзиното момче.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.