Фудбал
12. November 2016 - 8:54

Селекторот протестираше, Шпанците се извинија

На прес конференцијата на нашата селекција на стадионот Лос Карменес беше забележан игнорантски и некоректен однос на шпанските новинари кои го реметеа излагањето на селекторот Ангеловски со гласен разговор. Тоа беше причина нашиот кормилар да побара коректност од шпанските новинари а подоцна реагираше и портпаролот на ФФМ Златко Андоновски кој рече дека не приличи една ваква велесила како што е Шпанија да има некоректен однос кон нашиот национален тим. 

По прес конференцијата Андоновски не информираше дека имало и други провокации но дека добиле официјално извинување од шпанската федерација.