Секс на малолетници во живо - Фејсбук место за скандали!
Момче и девојка на своите профили прикачиле фотографии направени непосредно по сексуален однос. Бидејќи ги оставиле профилите отворени, за кратко време скандалозните фотографии ги видоа десетина илјади луѓе од регионов...
Социјалните мрежи горат од најновиот скандал. Дека на Фејсбук се дели сѐ и сешто, тоа ни е познато одамна, но овој пример го шокира целиот регион. Станува збор за млад пар кој не само со пријателите, туку и со целиот регион ги сподели фотографиите од најинтимниот чин.
Момче и девојка, за кои се претпоставува дека се од Србија одлучиле на своите профили да стават фотографии на кои се едвај облечени, односно се по долна облека и се во пози кои не се за сечии очи, а судејќи по коментарите се претпоставува дека фотографиите се направени непосредно по сексуален однос. Бидејќи (случајно или намерно) не ги затвориле профилите, за многу кратко време фотоалбумот од акцијата на овој млад пар го видоа десетина илјади луѓе од регионов.
Сепак, тука не завршува оваа срамна и загрижувачка приказна.
Треба да се прочитаат и коментарите и да се сфати во каква ментална состојба е денешната младина.
Неколку пријатели на момчето отворено му велат дека „им скока притисокот“ кога ќе го видат нивното „уметничко дело“, што секако нему воопшто не му пречи.
Но, за да нема недоразбирања момчето во коментарите на крајот објаснува зошто се одлучил на овој потег:
„Најмногу ги објавив поради душманите, само да им кажам дека се понизок ранг. А најјако во сѐ е ако тие објавеа, тогаш никому ништо, сѐ ќе беше во ред. Затоа цел живот само ќе гледаат. Позз, брат.“
Ново на Сител
-
Јаневска: Дел од приватните факултети штанцаат дипломи – тоа е јавна тајна
-
Во 22 од 34 општини нема минимум зеленило според законските стандарди, покажа ревизорскиот извештај
-
Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам
-
Преглед на вестите од светот
-
12 години затвор за Васил Јованов, таткото на Фросина ја напушти судницата
-
Таравари оди во опозиција - Кој ќе го земе Министерството за Здравство?
-
Јаневска: Јавна тајна е дека дел дипломите кои ги добиваат студентите не се заслужени
-
Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата