Бизнис
17. January 2016 - 16:26

Секоја година се поголем интерес за субвенции во земјоделството

Расте бројот на земјоделски стопанства и апликанти кои бараат субвенции.

Секоја година бројот на апликации се зголемува за 2 до 3000 информираат надлежните, што говори дека поддршката од државата се повеќе го заживува македонскиот аграр.

Лани имало над 85 000 барања а годинава се очекува уште поголем број.

Оваа година земјоделците ќе можат и електронски да аплицираат,  со што значително ќе се намалат турканиците во периодот на пријавувањето.

Програмата за земјоделство веќе стапи на сила, а на располагање за исплата има 101 милион евра.

Вуковиќ информираше дека деновиве продолжува исплатата на субвенции за барањата доставени лани. Ќе се исплатат сточарите и млекопроизводителите за втората фаза.

Освен овие пари земјоделците имаат можност да аплицираат и за средствата од програмата за рурален развој.

Наскоро ќе биде објавен огласот за набавка на трактори и останата механизација за житни и индустриски култури.